624
ДУИ е подготвена уште утре да излезе на избори, но до крај ќе ги почитуваме препораките на здравствените експерти, изјави на АлсатМ министерот за економија Крешник Бектеши, кој е функционер на ДУИ.
-Програмата на ДУИ е готова, треба да се прават промени особено во делот на економските и социјалните политики бидејќи знаеме дека во последните два месеца се променија економските индикатори на државата за 2020 година, а исто така и проекциите за 2021 година. Кога ќе се одреди датумот на изборите, во рамките на Секретаријатот за економија и финансии, ќе ги ревидираме сите податоци кои ги предвидовме во изборната програма за 2020 година и ќе им ја претставиме на граѓаните – вели Бектеши.