Бектеши: Џафери му се извини на Бислимоски за нападот

by fokus

Го видов видеото и го осудувам настанот со физичкиот напад врз првиот човек на РКЕ, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, при што информира дека се слушнал со Марко Бислимоски и дека напаѓачот му се извинил за настанот.

– Значи вака, имав прилика да го гледам видеото и ги осудуваме ваквите случувања. Бислимовски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, порача министерот.

Во понеделникот, синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери физички го нападна претседателот на РКЕ Бислимоски пред кафеана на улица „Боемска“. Причината поради која ескалирала ситуацијата е поради тоа што Регулаторна отворила постапка за одземање на лицената на фирмата У Повер поради недолично однесување на пазарот со струја,а чиј сопственик бил токму Аријанит Џафери. Тој вчера го признал делото и заработи кривична пријава.

Поврзани новости