811
Се ближат локалните избори во октомври, а во јавноста во Македонија веќе се чувствува предизборната атмосфера низ градовите.
Наредниот период ќе течат рекламни спотови по телевизиите, а токсикологот Нико Беќаровски, кој е најгласен од лекарите во врска со корона вирусот, преку социјалните мрежи излезе со интересен предлог.
„Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје,
зависни, смешно независни, зелени, камикази …
Парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за Ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17-ти октомври да не “правам ајвар”“, вели Беќаровски.