Беќаровски: Ако една Нова година сум ја дочекал во војска, нема да е страшно ако оваа ја дочекаме дома

by Fokus

Токсикологот Нико Беќировски во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за вакцинацијата во Македонија за корона вирусот.

Како што истакна тој, верува дека вакцината ќе стигна побрзо во нашата земја, со оглед дека нашите соседи полека се подготвуваат за тој процес.

„Вакцините ви Хрватска се ограничени. Тие процедури не одат едноставно, а ние мора да најдеме алтернатива. Вакцините треба да се чуваат на -70 степени. Тоа се специјални фрижидери кои ние ги немаме. Како и да е, повикувам на свесност кај граѓаните, во мир да го истуркаме претстојните празници. Ако една Нова година сум ја дочекал во војска, нема да е страшно ако оваа ја дочекаме дома. Според однесувањето на дел од луѓето, се заклучува дека во земјава нема никаква свесност. Луѓето за инает сакаат да ги прекршуваат законите“, истакна Беќаровски.

Поврзани новости