СЗО свикува состанок за новиот вид на корона вирус

by Fokus

Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членките да ги разгледа стратегиите за борба против новиот, позаразен вид на корона вирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа,Ханс Клуге, не прецизирајќи го датумот на состанокот.

„Ограничувањето на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро се додека немаме повеќе информации. Синџирите за снабдување со основни производи и нужните патувања треба да останат можни“, порача на Твитер регионалниот директор на СЗО и притоа повика на засилени превентивни мерки.

Ова тело на ОН со седиште во Женева вчера соопшти дека новиот вид корона вирус, откриен во Велика Британија, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“.

Марија Ван Керхове, технички лидер на СЗО за Ковид-19, кажа дека новиот вид на корона вирус, иако позаразен, не предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи, повикувајќи се на британски анализи.

Поврзани новости