Бејта против Таравари во Гостивар

by fokus

Актуелниот градоначалник општина Гостивар и кандидат за уште еден мандат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, ќе бара трет мандат од граѓаните. Ќе ги почитува неговите конкуренти, но нема да се занимава со нивните кампањи. Ќе се кандидира за градоначалник затоа што тоа била желба на мнозинството граѓани од општина Гостивар, а не по негова желба, изјави тој.

– Тие го ценат она што јас лично и мојот тим соработници сме го направиле за градот. Од расположението кое го гледам кај нив и со измените на Изборниот законик, сметам дека ќе го победиме во првиот круг – рече Бејта.

Кандидатура во оваа Општина веќе најави и министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој ќе ги бара гласовите на граѓаните преку Алијансата за Алабанците. Доколку изгуби, Таравари изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот.

Бејта е веќе два мандати градоначалник на Гостивар.

Поврзани новости