Македонисти бараат повлекување на Законот за јазици, предупредуваат дека ќе треба да се менува Уставот

by fokus

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ бара да биде повлече Предлог -законот за употреба на јазиците кој веќе влезе во собраниска процедура и за кој собраниската расправа ќе започне на 13-ти овој месец. Седумнаесет професори и доктори на науки се потпишаа на петицијата испратена до Законодавниот дом со која бараат повлекување на законот од повеќе причини.

Со новиот предлог закон се излегува од рамката на Рамковниот договор и со негово евентуално донесување ќе треба повторно да се менува Уставот, велат профеосорите, кои сметаат дека се целосно имплементирани одредбите од Рамковниот договор што се однесуваат на употреба на јазиците. Освен тоа, велат дека во меѓународната комуникација ќе се воведе и алабанскиот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

„Со овој предлог закон македонскиот јазик станува еден од службените јазици во РМ; со шо го губи својствотона официјален јазик на којшто ќе комуницираат сите етникуми во РМ, а тоа не се само Македонците и етничките Албанци, туку и Турците, Ромите, Власите, Босанците, Србите, што претставува нивна дискриминација. Исто така, се излегува од формулата „јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните“ и се изделува само албанскиот јазик како таков, наспроти останатите јазици што се зборуваат во РМ“, сметаат од Институтот.

Од таму додаваат дека новина со овој закон е дека се формира и Инспекторат за употреба на јазиците. Со тоа албанскиот јазик, велат, се издига над сите останати јазици, вклучително и македонскиот, кои немаат посебна агенција и инспекторат со вакви надлежности.

Сметаат дека прашањето за употреба на симболи на книжините и кованите пари, како и на поштенските марки, ознаките на униформите на полицијата, пожарникраството и здравството не треба воопшто да биде регулирано со закон за употреба на јазиците.

Потпишаните професори бараат подолга подготовка во обработка на материјата и поширока јавна дебата во врска со употребата на сите јазици.

Поврзани новости