Кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ, Невзат Бејта го обвини неговиот противкандидат, Арбен Таравари дека не води грижа за животната средина на подрачјето на општина Гостивар.
„Таравари како надлежен орган не само што не ја исчисти оваа депонија, уште полошо, тој и неговите луѓе очигледно имаат и материјална корист од овој криминал на животната средина. Имаме, уплатници, издадени од месната заедница Чегране, кои докажуваат дека жителите им се наплаќа надомест за фрлање отпад во оваа дива депонија. Ова не е само злосторство против животната средина, овој случај покажува силни докази за корупција. Бидејќи имам долгогодишно искуство како градоначалник, едно знам сигурно: Нема никаков начин, како да ги внесете овие такси во службеното сметководство на општината“, рече Бејта.