Довербата на Јанева и ја дадоа 108 пратеници, таа доби поддршка од четирите партии и тоа мора да се има предвид, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли.
– Јанева веќе даде изјава и кажа дека ќе започне да ја врши нејзината важна работа и ќе продолжи да се залага за обезбедување на потребниот персонал и ресурси коишто и се потребни. Ќе напоменам дека 108 пратеници на Парламентот, четирите политички партии и Советот на обвинители ја избраа едногласно поради нејзиниот професионализам и правичност и мислам дека тие би сакале да и ги дадат средствата коишто таа смета дека и се неопходни за да ја спроведе нејзината важна работa, рече Бејли.
Во однос на ситуацијата за партиските преговори, Бејли истакна дека има уште многу да се сработи, а времето е кратко.