Избирачки список со фотографии од гласачите

by Фокус

На Избирачкиот список, покрај името и адресата на секој гласач, ќе стои и неговата фотографија со цел идентификација, предвидува договорот за измени на изборното законодавство што го постигнаа политичките партии.

Во списокот ќе се вметне базата на фотографии што веќе ги поседува МВР, а ја создаваше при издавањето биометриски лични исправи.

Останува и договорот за вкрстување на податоците од повеќе институции, како УЈП, Фонд за здравство, Центри за социјални грижи, Катастар, школи, со податоците во МВР, а ќе се врши и неограничена теренска проверка.

Поврзани новости