Американскиот амбасадор Џес Бејли во ексклузивното интервју за Алсат М зборува за поканата за членство во НАТО.
Амбасадоре, каде ја гледате Македонија после една година?
“Се надевам ќе ја видам Македонија како Република Северна Македонија, како 30 – та членка на НАТО. Мислам дека ова е важно бидејќи многу луѓе во оваа држава ја чувствуваат оваа нервоза за иднината на оваа држава, дури некои велат дека ќе се поделиме или слични работи. Мислам дека ова е добра можност да застанете и да ја видите историјата во последните 100 години, проблемите, некогаш насилството, прашањата со Бугарија, Албанија и Грција. Сега имате шанса соседите да ги направите сојузници. Тоа значи дека тие ќе го почитуваат територијалниот интегритет, тие вашата сувереност и вие нивната. И мислам дека оваа е голема промена за овој регион, ако го споредите со курсот од минатиот век“, изјави Џес Бејли, Амбасадор на САД.
Целото интервју ќе може да го проследите на Алсат веднаш по вестите во 19 часот.