– Како Американец можам да кажам дека ние во вакви и слични кризи сме имале потреба да обезбедиме кредибилитет во истрагата. Сме имале ситуации во кои биле потребни смени, прераспределување на инволвираните лица каде што има конфликт на интереси, супсендирања, па дури и оставки. Не со цел да се утврди вина, туку за граѓаните да се уверат дека истрагата ќе се одвива на кредибилен начин, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, што ќе се емитува вечерва во 20 часот.
Тој во интервјуто зборува и дека постојат мерки кои Владата може уште веднаш да ги преземе, а со кои би се подобриле институциите, коишто Македонија ги градела 25 години. Смета дека за ваквите мерки не се потребни никакви политички преговарања.