-Овие обелоденувања покренаа сериозни наводни обвинувања. Велам наводни, затоа што не можам да ги проверам сите. Околу владеењето на законот, околу независноста на судството, околу изборите и околу односите на Владата со медумите. Мислам дека овие прашања се сериозни и мора да проверат. Мислам дека делумно имаат одек, затоа што овие прашања се појавувале во извештаи на Комисијата на ЕУ, на ОБСЕ за медиумите или изборите, а во нашите извештаи за човекови права. Мислам дека е важно, Владата, како што рековме да ги земе предвид, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли во вечерашното интервју во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Тој рече дека не сака да шпекулира дали политичката криза може да се претвори во безбедносна, но ги пофали, како што рече, смирените реакции на луѓето после наводниот терористички напад во Гошинце.