552
Амбасадорот на САД во Репулбика Македонија, Џес Бејли преку Твитер вечерва упати честитка до новиот премиер Зоран Заев за формирањето на новата влада.
-Му честитам на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство на формирањето на нова влада во Македонија. Како пријатели и партнери, ќе продолжиме да работиме со новата влада на реформите за членство во НАТО и ЕУ и на владеење на правото, напиша Бејли.