416
По вчерашната одлука на Иванов да не го додели мандатот на Заев и СДСМ за формирање на нова влада американскиот амбасадор Бејли прокоментира на социјалната мрежа Твитер:
„Се согласувам со еврокомесарот Јоханес Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, суштинските вредности на НАТО“, напиша амбасадорот Бејли на Твитер.
Денеска се очекува амбасадорот Бејли да има и официјална изјава во врска со новонастанатата политичка ситуација во земјава.