ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхојте

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ попладнево соопшти дека прекинува секаква соработка со посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхојте и нема да учествува на состаноци на коишто ќе присуствува и посредникот.

-ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

Поврзани новости