340
Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е недемократска и ние неколку пати го повикавме да ја преиспита, уште еднаш го повтори ставот на САД, амбасадорот во земјава, Џес Бејли.
Тој порача дека прв чекор кон решавање на кризата е демократизацијата на институциите и дека договореното од Пржино мора да се почитува.
-Имавме систем поставен од мај до јули 2015 клој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање на улови за фер избори и справување со неовластеното прислушување и што тие откриле, а потоа да продолжиме со реформите – вели Бејли.
Според него, судбината на Македонија во свои раце ја имаат, и треба да ја имаат самите граѓани.