Хан повторно доаѓа во Скопје

by fokus 19:41
19:41

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вторник доаѓа во посета на Македонија во обид да го забрза процесот за излез од ќор-сокакот на политичката ситуација, откако претседателот Иванов по втор пат одби да го даде мандатот за состав на влада, јави Телма.

Извори од Европската Комисија неофицијално брифираат дека Хан ќе се обиде да го убеди Иванов да се предомисли и да го даде мандатот на Зоран Заев.

Се очекува до доаѓањето на Хан Собранието да се состане и пратениците да го изберат новиот спикер, по што официјално би го известитиле шефoт на државата дека е составено мнозинство од 67 пратеници и ќе побараат мандат за состав на нова Влада.

 

Поврзани новости