491
По завршувањето на одвоените билатерални средби со претставници за политичките партии потписници на Договорот од Прижино, евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли ги изразија своите надежи дека наскоро ќе се постигне договор меѓу партиите.
-Имавме блиски средби и разговори со партиите, се надевам дека брзо ќе постигнеме договор, изјави евроамбасадорот Орав.
И американскиот амбасадор Бејли даде слична изјава и рече дека се надева дека во следните денови ќе има напредок.