Бејли: Да се отстранат сите пречки во работата на СЈО

by fokus

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли денеска уште еднаш ги повика политичките партии и институциите да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство.

-Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и за сознанијата што произлегоа од него – потенцира Бејли.

Освен тоа, амбасадорот напоменува дека за излез од кризата, неопходно е нормално функционирање на Собранието.

-Како што кажа Европската Унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Договорот од Пржино и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО – додава Бејли.

 

Поврзани новости