882
На девет месеци од почетокот на пандемијата на корона вирус, во Србија е регистрирано рекордно ниво на породувања во однос на последните 20 години.
Тоа го соопшти директорот на најголемото породилиште во Белград, д-р Жељко Миковиќ за државната телевизија РТС.
– Ова утро во нашата болница се роди 7.245-то бебе, а до крајот на годината очекуваме вкупно 7.700 новороденчиња. Тоа е најголем број на новородени за изминативе 20 години, изјави тој.