Бехтел и Енка добија 117 милиони евра за предпоготовка за изградба на коридорите

by fokus

117 милиони евра се префрлени на Бехтел и Енка врз основа на владината програма и тие средства се за предподготовка, мобилизација на човечките ресурси и машинеријата, поставување кампови и така натаму, рече  заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи во гостувањето на ТВ 21.

-Истовремено по ова ќе се започне со снимање, обележување на трасите, урбанистичките планови, основниот проект и потоа се почнува со конкретна работа на терен. За жал опозициската партија се обидува етнички да го обои коридорот, што е неприфатливо бидејќи тоа е коридор за сите граѓани, стратешки проект за државата и од овој коридор ќе имаат придобивки и државата и граѓаните на РСМ, вели Реџепи.

Поврзани новости