„Бегство од Шошенк“ е најдобар филм во последните 30 години

by fokus

Според анкета на синџирот кино-сали Шоукејс, „Бегство од Шошенк“ е најдобар филм во последните 30 години, Том Хенкс е најдобар глумец, а Џуди Денч – најдобра глумица.

Топ 3 листата филмови ја дополнуваат „Титаник“ и „Форест Гамп“. Натаму следат „Паркот Јура“, „Шиндлеровата листа“, „Кралот лав“, „Умри машки“, „Евтини приказни“, „Ден на независноста“ и „Гладијатор“.

Најдобри 10 актери се Том Хенкс, Џони Деп, Морган Фримен, Леонардо ди Каприо, Лијам Нисон, Идрис Елба, Мајкл Кејн, Том Круз, Семјуел Л. Џексон и Џорџ Клуни.

Топ 10 листата глумици ја сочинуваат: Џуди Денч, Џулија Робертс, Мерил Стрип, Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Џенифер Лоренс, Хелена Бонам Картер, Анџелина Џоли, Никол  Кидман и Натали Портман.

Се бираше и најдобар серијал филмови. Топ 10 листата во оваа категорија се: „Хари Потер“, „Господар на прстените“, „Џејмс Бонд 007“, „Приказна за играчките“, „Војна на Ѕвездите“, „Борновиот идентитет“, „Пиратите од Карибите“, „Игри на гладните“, „Шрек“ и „Одмазници“.

Анкетата е спроведена по повод 30 години од основањето на компанија Шоукејс.

Поврзани новости