74
На 08.02.2024 во 05.00 часот на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки.
Возилото продолжило со движење, по што во близина на клучка за Крива Паланка возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.