БЕГ: Владината одлука за субвенции за парно истече на 30 април, парите не се исплатени од февруари

by Fokus

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.

– Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ.

Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

Поврзани новости