БЕГ: Поседуваме важечка лиценца за снабдување со топлинска енергија и се подготвуваме за новата грејна сезона

by fokus

Компаниите во состав на БЕГ (Балкан енерџи груп) АД се деловни субјекти кои поседуваат важечки лиценци за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија на територија на градот Скопје, реагираат од БЕГ во врска со одлуката на Град Скопје за формирање сопствено јавно претпијатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое, како што е предвидено ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија.

-Согласно обврските кои произлегуваат од овие лиценци, издадени според важечката законска регулатива и подзаконските акти, од страна на државната Регулаторна комисија за енергетика, компаниите во состав на БЕГ АД: Производство на топлина – Балкан енерџи, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи и БЕГ-Снабдување со топлина, функционираат редовно и согласно на своите деловни и оперативни планови ги реализираат сите планирани зафати, како и непоходните ремонти и подготовки на системот за грејната сезона 2018/2019. Сите наши активности се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со
одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите, се вели во соопштението.

Поврзани новости