Лазаревски: Двајца тогашни министри беа редовно следени

by fokus

Поранешниот вработен во МВР, Ѓорѓи Лазаревски, кој го откри масовното прислушување во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека лесно било да се забележи дека системот за следење се злоупотребува.

-Да не ги спомнуваме лицата, но не треба да си експерт да видиш дека на тие лица не им е местото во безбедностите служби и капацитетот на службите и ресурсите на државата да се користат за да се следи мислењето на новинарите и на јавните личности. Имаше и следење на министри што беа на власт и тоа беше стравично како помисла дека така може да фунцкионира една безбедноста служба. Двајца министри редовно се следеа. Официјални бројки на граѓани кои нелегалано биле следени е 5.000. Кога ќе се поврзе тоа со бројот на граѓани со кои тие луѓе разговарале, може да се дојде до бројка и до 50.000 и 100.000, рече Лазаревски.

Поврзани новости