Бебе со скршеници на двете нозе, суспектно крварење на глава и скршеница на челната коска се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Од КАРИЛ велат дека бебето моментално е во стабилна состојба, но потенцираат дека имало и стари скршеници.
„Детето е со фрактури на обете нозе со тоа што има и стари фрактури, има суспектно крварење во глава, со фрактура на челната коска и други две суспектни фрактури исто на глава. Се смета дека има некое крварење на мозокот. На левото ноже има стара скршеница, но и други постари скршеници. Моментално е во стабилна состојба, но не знаеме како ќе се одвиваат работите, дали ќе се оперира“, велат од КАРИЛ за „Независен весник“.
Вчера во 12.45 часот од Ургентен центар во полиција пријавиле дека била примена дваесетгодишна жена од Скопје со видливи повреди на телото и нејзината едногодишна ќерка со тешки повреди.