443
13-месечн бебе паднало од балкон на улицата „Егејска Македонија“ во Куманово. Инцидентот како несреќен случај е пријавен вчера попладне во полициската станица во Куманово од Итната медицинска помош.
Од полицијата велат дека детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.