ВИДЕО Ким Јонг Ун се вози, 12 телохранители трчаат покрај возилото

by fokus

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун по првата средба со јужнокорејскиот колега, си замина во црна лимузина покрај која трчаа неговите телохранители.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа како 12 телохранители во костуми трчаат покрај возилото во кое се наоѓа Ким Јонг Ун.

Ким и Мун ја завршија утринската сесија од историската средба, а за попладне е планиран нов состанок.

Ким Јонг Ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанската војна од 1953 година.

Поврзани новости