Бебе од мигрантите итно однесено во болница

by Фокус

Од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на хуманите луѓе кои се обидуваат да им помогнат на мигрантите кои транзитираат низ државата. Се организираат на социјалните мрежи, каде што собираат храна, вода и лекови, а потоа им ги делат додека минуваат покрај автопатите или пругите.

Едно од поголемите засолништа на мигрантите се џамиите, каде што имаат можност барем малку да се одморат од долгиот пат. Многумина од нив имаат потреба од лекарска помош, но според нивните сведоштва, не биле примани во болниците, освен неколку итни случаи. Затоа на терен постојано се и лекари од Црвен крст. Пред малку, од Куманово, добивме информација дека едно од бебињата е во многу лоша здравствена состојба, поради што итно му е потребна лекарска помош, во болнички услови, бидејќи, според очевидците, му било констатирано воспаление на белите дробови.

-Бебето го однесоа во болница, па се надеваме дека таму сепак ќе ја добие потребната лекарска помош, вели жител на Куманово.

migranti

migranti2

Поврзани новости