Да се процени дали со толку многу заразени здравствени работници може да функционира болницата

by Fokus

Кризниот штаб на Куманово бара Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да направат итна проценка на функционалноста да болницата заради новонастанатата ситуација со заразен персонал од општата болница во градот.

„Да направат итна проценка и да се согледа функционалноста на болницата и одделите каде што има персонал којшто е заразен со ковид-19“,- бара Кризниот штаб.

Како што вчера за „Фокус“ истакна директорката на болницата, Снежана Захариева, во Кумановска болница досега има заразени 40 здравствени работници, од кои пет се излекувани.

Во Куманово секојдневно има се поголем број на заразени од корона вирус, односно таа бројка во моментот изнесува 211. Исто така, во овој град досега има најмногу смртни случаи.

Поврзани новости