496
Со скандирање „Сакаме лек, не комодитет “, „Трикафта за сите“, „Немаме време за чекање, животот ни е во опасност“, пациентите со цистична фиброза и нивните семејства денес напладне пред Влада побараа власта да побрза со одлуките и лек да обезбеди за сите болни.
„Разберете не, бидете дел од нашата борба, побрзајте со вашите одлуки и вашите промени затоа што ние немаме време за чекање. Веќе не се потпираме на празни зборови и нема да чекаме“, порачаа од Асоцијацијата за цистична фиброза.
Асоцијацијата реагираше дека не им верува на усните ветувања на министерот за здравство Беким Сали дека ќе се набави лекот „трикафта“, кој претходно најави дека ќе се направат измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови.