Батали двојазичност, Груевски барем ја спаси Македонија од ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА!

by lali

Иако предизборната програма од 500 странци на ДПМНЕ ветуваше разни проекти, Груевски се осврна и се одлучи целата своја предизборна кампања да ја води со еден удар: СПАС НА МАКЕДОНИЈА ОД ДВОЈАЗИЧНОСТ И ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА! И голем дел од гласачите „паднаа“ на тоа. И сето тоа помина успешно, со нешто над 450 000 гласови во корист на ДПМНЕ и против двојазичноста и федерализацијата.

 

Успешни излегоа неговите уверливи говори на митинзите, како и пропагандната кампања што се водеше преку владините медиуми, приказната да биде истуркана како СДСМ и Заев да сакаат двојазичност, а тој силно им се спротиставува. Реакциите по социјалните мрежи беа доволен епилог за одлучноста на гласачите зошто ќе гласаат за ДПМНЕ, затоа што „ДЕЦАТА НЕ САКААТ ДА ИМ УЧАТ АЛБАНСКИ“!

И тој за остварување на таа цел од граѓаните побара 63 пратеници, да може да ја спаси Македонија од црното сценарио на двојазичност и федерализиација, но за жал освои само 51 пратеник, не доволно за самостоен спас. Во сета таа лоша ситуација во која се најде, со недоволен број пратеници за самостојно мнозинство, битката за спас на Македонија повеќе не беше важна, туку му беше важна само битката за спас на неговата политичка кариера, односно она што барем малку остана од неа.

И иако велеше дека со ДУИ НЕМА да коалицира по СЕКОЈА ЦЕНА, неофицијално Груевски за формирање на нова ВЛАДА со ДУИ веќе ветил двојазичност на цела територија, Албанец за претседател на Собрание и ДУИ на чело на МВР.

Лицемерие на дело!

И додека го пишувам текстот се уште не е соопштено дека новата Влада меѓу ДПМНЕ и ДУИ е формирана, но тоа во моментот е ирелевантно. Она што е важно дека Груевски не прави Влада и коалиција по секоја цена, затоа што, ете, тој барем освен прифаќањето на двојазичност, никогаш не би прифатил и ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА на Македонија, нешто за кое треба сите излажани гласачи да најдат утеха во неговиот лажен предизборен патриотизам со којшто и понатаму ќе се обидува да не уверува дека ова е битка за Македонија, а не битка за негов спас, по цена и да (не) направи влада!

Поврзани новости