469
Претседателот на албанска опозициска партија, Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе распише референдум за враќање на смртната казна во земјата.
„Враќањето на смртната казна е прашање кое им припаѓа на албанските граѓани, но, јас лично сум подготвен да го поставам ова прашање на албанските граѓани преку референдум кога ДП ја презема одговорноста да владее со земјата“, изјави Баша во селото Шели, околија Мат, откако беше да изрази сочувство на семејствата на тројцата вработени во локалната власт кои беа затрелани пред два дена од жител на селото, незадоволен што не го продолжиле асфалтирањето на патот до неговата куќа.