Стокмен ребалансот на буџетот, попладнево на вонредна седница

by fokus

Владата најверојатно попладнево ќе одржи вонредна седница, на која како единствена точка ќе се најде предлог за ребаланс на државниот буџет, кој веќе бил подготвен, објави Телма. Според информации на телевизијата, истекуваат роковите до кога Владата најдоцна мора да го достави Ребалансот до Собранието на гласање, така што ако парламентот од утре натаму продолжи да функционира и не се самораспушти, денес е последниот рок до кој ребалансот мора да биде доставен.

Сознанијата говорат дека во предлогот на Владата за ребаланс нема ставка за избори, но ако се распишат предвремени парламентарни избори тогаш пратениците ќе интервенираат во текот на постапката за да се додаде таква ставка. Нема повеќе детали што содржи корекцијата на државната каса, само се знае дека оние ставки што не се толку потребни ќе се пренаменат кај корисниците кои имаат поголема потреба од средства. Aко нема избори, ставката би требало да се намени за помош на општините кои се презадолжени.

Поврзани новости