649
Првиот меч на Македонија против Австрија ќе биде долго анализиран од македонскиот стручен штаб во репрезентацијата, со цел да се најдат грешките за тој резултат (3-1).
Играчот од средниот ред, Енис Барди верува дека Македонија ќе ја покаже вистинската слика на дуелите против Украина и Холандија.
„Добар натпревар. Почнавме добро да играме, а во некои моменти бевме подобри од нив, ама тие ги искористија своите шанси. Среќен сум што сме овде, екипата е жива и даваме се од себе. Сега треба да одмориме добро, да ги гледаме каде ни се грешките. Уште малку ни недостасува да бидеме поопасни“, истакна Барди.