Барди осуден во Шпанија поради лажната македонска возачка дозвола

by Fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола. Тој го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.

Македонскиот репрезентативец во април минатата година бил запрен од полицијата во Валенсија, по што полицијата му побарала документи за идентификација и возачка дозвола. Со дополнителна проверка било откриено дека недостасуваат безбедносни ознаки на документот.

 

Поврзани новости