Фудбалската репрезентација на Македонија во петок се среќава со Лихтенштајн во дуел од Лигата на нации.
Репрезентативецот и член на Леванте, Енис Барди смета дека Македонија на дуелот со Лихтенштајн мора да одигра внимателно и дисциплинирано. Како што порача тој, оваа генерација мора да обезбеди место на ЕП.
-Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано. Во добра позиција сме, но секако треба да бидеме внимателни, концентрирани и со дисциплина во играта за да ги искажеме нашите квалитети на теренот во Вадуц. Мотиви и желба не недостасуваат, напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европско првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме, изјави Енис Барди за официјалниот сајт на ФФМ.
Фото – ФФМ