1K
Горан Пандев го одработи своето за македонската фудбалска репрезентација и сега на ред се помладите да го продолжат неговиот пат и да ја носат нашата селекција во наредните квалификациски циклуси.
„Ова ќе биде едно убаво искуство кое треба да ни дава сила. Го остваривме сонот. Македонија има играчи големи и прикажавме солидни партии на ова натпреварување. Знаеме кој е Горан, колку даде за оваа репрезентација. Горан, ќе ни недостасуваш. Сите треба да имаме сила да продолжиме по неговите чекори. Тој е пример за сите нас“, истакна Енис Барди по завршување на мечот.