Мрме на последната прес-конференција: Ви благодарам на сите!

by Fokus

Македонскиот селектор Игор Ангеловски денеска се обрати за последен пат како селектор на нашиот национален тим.

Тој порача дека му било задоволство што бил дел од една ваква приказна, со надеж дека во иднина овој успех повторно да биде повторен.

„Беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕП. Мислам дека не треба да бидеме разочарани затоа што ова беше дебитантски настап. Сакам да упатам благодарност до целиот мој стручен штаб, фудбалерите за се што направија во изминатите пет и пол години“, истакна Ангеловски.

Поврзани новости