Од здружението за заштита на животните Анима Мунди реагираат бидејќи две лица, вработени во Шумската полиција во Демир Хисар, кои биле фатени во криволов на срна и дива свиња, заедно со уште пет други лица, и се условно осудени на казна затвор во траење од една година и девет месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело, се уште се на своите работни места.
Бараат нивно отпуштање од работа, бидејќи се дел од служба која треба да спречи криволов, а не истиот да го спроведува.
-Прашуваме како е можно осудени шумски полицајци од шумската полициска станица Демир Хисар, фатени во криволов на срни и диви свињи, осудени за злоупотреба на автоматско оружје и злоупотреба на службено оружје не бидат најстрого казнети со отпуштање од работното место?
Конкретно лицата се Д.Т. ни помалку ни повеќе, туку заменик командир на Шумско полициската станица Демир Хисар и Д. М. шумски полицаец од Шумско полициската станица Демир Хисар.
Како е можно тие и понатаму да обавуваат работни задачи како службени лица, да земаат плата од парите на граѓаните, наоружани до заби?
Како за ваква злоупотреба и колеж тие и понатаму остануваат во службата која постои токму за да спречи криволов, за да превенира, евидентира и го пријави дивеењето врз животните по шумите и планините!?
ПОТЕНЦИРАМЕ и за време на отстрелот на срната и дивата свиња и малите прасиња користеле службено автоматско оружје на шумската полиција од Демир Хисар како и службено возило на истата шумска полиција!
Истите луѓе сѐ уште вработени како шумски полицајци и користат службени возила и должат службено оружје на шумската полиција во Демир Хисар.
Инаку, деновиве има и правосилна пресуда во апелациониот суд во Битола каде се потврдува пресудата што е повеќе од скандалозна одлука!
БАРАМЕ ИТНО повторно одлучување и ТРАЈНО СУСПЕНДИРАЊЕ НА УБИЈЦИТЕ кои како што кажале и во време на судењето не се ни чувствувале виновни, кои понатаму треба да делат правда!!! – стои во реакцијата на здружението.
Вики Клинчарова