Банкноти со ликовите на Груевски и Мијалков се сушат на протест во Загреб

by Фокус

Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска, вчера одржа протест против аболицијата на Иванов пред македонската амбасада во Загреб.

Сатиричниот протест против аболицијата се одвиваше под  мотото „Колективно помилување – Општа аболиција 2.0.

Протестот започна во плоштадот „Жртви на фашизмот“, а потоа продолжи кон македонската амбасада, каде што  молбите за помилување и се предадоа на амбасадата.

“На овој сатиричен протест на учесниците им беше овозможено да ги запишат своите гревови за кои сметаат дека треба да бидат амнестирани.  Така, граѓаните апелираа до претседателот Иванов да ги помилува затоа што  ‘често користат заштитен фактор кога сјае вечното сонце’, затоа што ‘умреле, а не станале ВМРО-овци’итн… “

На протестот демонстрантите обесија и да се сушат гаќи и банкноти од 4 милијарди евра со ликовите на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Од граѓанската иницијатива на македонците во Хрватска велат дека процесот на помилување е нецелосен и слабо реализиран и дека се уште има простор да се аболицираат нови луѓе.