Граѓаните кои се на списокот за добивање државна помош од шест илјади денари до петок треба да ги ажурираат податоците во банка за да можат да ги искористат парите што им следуваат од државата, информираат банките на своите веб страници откако редици граѓани чекаа пред банките за да си ја подигнат помошта.
Оние граѓани кои имаат трансакциски сметки, помошта од 6.000 денари ќе ја добијат на тие сметки, а оние кои немаат сметки ќе мора да ги отворат во најкус можен рок. За оние пак кои имаат блокирани сметки банките ќе отворат посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка.
Дел од банките бараат граѓаните со блокирани сметки да ги подигнат парите до петок, додека пак другите немаат дадено рок за подигнување на парите.
-За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската подршка, од која овие лица ќе можат да ги подигнат средствата преку било која од филијалите на Банката најдоцна до петок 25. 12. 2020 во спротивно нема да можат да бидат користени. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади добиени по 25. 12. 2020, соопштува една од банките.
-За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура, соопштува друга банка.
Помошта од 6.000 денари е наменета за граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 мкд пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа…