Банкините на автопатот „Струма“, каде се случи тешката автобуска несреќа во која животот го загубија 45 луѓе, биле неправилно поставени, констатирале меѓународни експерти задолжени од Институтот за сообраќајна безопасност од Бугарија да направат непристрасна експертска проверка условите на патот.
„Увидот утврди дека заштитните патни системи / заштитни огради / не се поставени според барањата. На подрачјето на несреќата се случиле бројни несреќи, при што се оштетени заштитните огради. Во овој случај, во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот“, велат од Институтот.
Наводите од анализата Институтот преку отворено писмо ги испрати до бугарското Јавно обвинителство и до Министерството за регионален развој.