Последниве неколку часови банкарските картички во најголем дел се вон функција. Официјално нема информација што се случува. Неофицијално во експозитурите на банките и на конакт телефоните на банките, велат дека се работи за технички проблем на кој интензивно се работи за да се санира. Не функционираат сите видови картички на сите банки.
Скопјани раскажуваат дека при обид да платат со картичка од различни банки и со различни картички, трансакциите биле одбиени, а дека од вработените добиле објаснување дека имаат проблем со интернет врските.
При обид да извадат пари од банкомат кртичките на граѓаните им биле враќани. Се обиделе и на други банкомати, но и од нив не успеале да извадат пари. Дел од граѓаните кои се обиделе да извадат пари од шалтер вработените им кажале дека има технички проблеми во сите банки во целата земја.
Оо официјално соопштение наскоро ќе се оглси Македонската банкарска асоцијација.