Новата вербална војна меѓу балканските соседи Бугарија и Северна Македонија можеби влече корени во историјата, но аналитичарите и обичните Бугари сметаат дека тоа е изборен трик и првенствено е поттикната од дневно политички интереси – настојувањата на бугарската владејачка коалиција да победа на претстојните избори, смета „Балкан Инсјат“ во анализа за бугарско-македонскиот спор.
– Бугарската влада ја обвинува Северна Македонија за кршење на Договорот од 2017 година, затоа што не ја признава заедничката историја и јазични сличности, прашање кое е чувствително за многу Македонци. Двете страни се спорат со нивните ставови за херојот од османлискиот период Гоце Делчев. Аналитичарите, сепак, поставуваат прашање колку сето ова е важно за обичните Бугари и во вжештената реторика гледаат невешто маскирани обиди да се добијат уште неколку гласови на изборите што треба да се одржат во март следната година, се оценува во анализата.
„Балкан Инсјат“ посочува дека заострувањето на политиката кон земјава од страна на Софија, следи во услови кога бугарската Влада со месеци е потресена од масовните протести против корупцијата.