ОЈО: Притвор за дилерот на дрога​ од Битола

by Fokus

Судот во Битола го прифати предлогот на обвинителството и му определи 30 дневен притвор на битолчанецот, во чиј дом беше пронајдена поголема количина наркотична дрога, информираат од ОЈО.

– Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка откако по извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола била пронајдена поголема количина на наркотична дрога – 4233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и поголемо количество парични средства – околу 2500 евра и 200.000 денари, информираат од ОЈО.

Со отворање на истражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка, Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Лицето се товари за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости