Овој пат министере Никола Тодоров, а по повод Светскиот ден на борбата со дијабетесот, би Ви го предложиле следново: оставка! – oд местото минисер за здравство. Или, можеби подобро, предлог до премиерот Груевски: бидејќи министерот за здравство е многу „брижен” за заштедите од буџетот, а на сметка на здравјето на околу 430.00 лица со дијабетес, да Ве „преротира” во минитсер за финансии , реагираше денеска Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“.
– Колку вештачки, толку и намерно предизвиканата инсулинска криза во државата, а која благодарение на упорноста на самите дијабетичари и донацијата на „спорните” инсулини вредна близу 700.000 евра од страна на Новонордиск – Македонија брзо се надмина, само уште еднаш јасно ќе нагласиме: исто така жестоко ќе реагиравме и ќе се боревме против административна промена на терапија наметната од Ваша страна, а се со цел да се заштедат средства и доколку се потрошеа залихите на било кој од инсулините на другите производители – му порачуваат дијабетичарите на Тодоров.
Според здужението во Македонија има приближно 200 000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив околу 43 000 лица примаат инсулин (толку жители брои на пример Струмица). На детската клиника на годишно ниво се регистрираат приближно 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен). Оваа година а до денес, дијабетес мелитус тип 1 е дијагностициран кај 33 деца.
– За успешно третирање на гликозата во крвта кај лицата со дијабетес, посебно кај децата со тип 1, чие ниво на шеќер во крвта е доста варијабилно, во западните земји се грижи цел еден тим: ендокринолог, сестра, едукатор, како и диететичар. Постои еден слоган, а кој секој дијабетичар во светот го распознава: „за добро регулиран шеќер треба тим”. Како е кај нас? Ни одалеку како таму, каде децата и возразните со дијабетес соработуваат со тој тим. Дискутабилоно е и што се случува со децата и возрасните, посебно оние кои живеат надвор од Скопје, каде што докторите ендокринолози се „претворени” само во писари, а ве прегледуваат, односно погледнуваат еднаш на шест месеци, без да ви дадат никакви насоки за исхраната, физичката активност и ред други совети и насоки кои се основа за добра регулација на гликозата во крвта – се вели во соопштението на „Баланас МК“.
Асоцијацијата прашува дали некој им објаснил на родителите што е “феномен на зората”, кога во утринските часови кај децата поради растот се лачи кортизол и други останати хормони одговорни за растот, па тогаш се најчестите утрински хипогликемии?
– Дали знаете како се аплицира инсулин? Бидејќи веруваме дека само сте наслушнале, ние дијабетичарите ќе ви одговориме точно: поткожно! Што не е случај и кај нас, бар не кај бебињата и децата – тие инсулин примаат најчесто мускулно, бидејќи сите дијабетичари во Македонија, без разлика на возраста, примаат инсулин со игли со иста големина, што е многу погрешно. И поболно. За глукомерите (апарат за мерење шеќер во крв) кои вршат 24 часовен мониторинг на шеќерот во крвта, во случајов е излишно да се зборува. Во западните земји пак, тие глукомери за децата се на позитивната листа. Кај нас сега за сега, само научна фантастика – предупредуваат дијабетичарите.