Битолската фолк пејачка Марија Луиса, кога е бакшишот во прашање, за себе може да каже дека е лидер на естрадата, бидејќи секој настап и минува со опсипување со банкноти од расположената публика.
Таа и самата често објавува фотографии на кои се гледаат банкнотите од по 1.000, 2.000 денари, но и од по 100 евра, и веќе подолг период го носи епитетот Кралица на бакшишот. Глобалната економска криза, која е тема во целиот свет, очигледно дека ја нема, кога се во прашање нејзините обожаватели, кои знаеле да го одврзат ќесето за добра песна.
Околу тоа каде најчесто завршува нејзиниот бакшиш, дали ги вложува средствата во својата кариера, односно во снимање на нови материјали, Марија за ,,Фокус” раскажува дека работи на нови песни, но првенствено вложува во недвижнини.
-Се одлучив да вложувам во Грција, купив апартмани таму. Не се покрај море, но ги изнајмувам. Брат ми сакаше да живее во Грција, затоа купивме апартмани таму. Еден е за нас, додека пак четирите други ги изнајмуваме. Сега сакам да купам и стан во Скопје. Во последно време многу ме бараат на настапи во Скопје. Од таму доаѓа и најголемиот бакшиш, затоа што веројатно во Скопје луѓето заработуваат повеќе пари. На публиката дури и не и е важно кои песни ќе ги пеам, сакаат само да стојам до нив. Сепак, на мојот репертоар има секакви музички стилови. Од поп до турбо фолк, пеам се – вели битолчанката.
Таа има 30 години, а на сцената е присутна околу една деценија. Појаснува дека комплетно е свртена кон кариерата, и не и е приоритет пронаоѓањето на сродна душа.
-Сериозна љубовна врска во овој период, не, никако. Супер ми е овие години сама, не планирам да запловувам во врска, барем не наскоро. Подготвувам нова песна за моите слушатели, свртена сум кон кариерата – раскажа Марија.
Вики Клинчарова